BLOGGER TEMPLATES AND TWITTER BACKGROUNDS »

среда, 2 април 2008 г.

Денот на шегата и среќата на оние кои не сакаат да пораснат

Вчера беше први Април. И јас цел ден седев дома и учев историја (априлилилиии). Ма какво учење бе...па требаше да се спремаат маски! Јас си се пикнав во кожни пантолони, кожна јакна, татко ми ми направи опашка и ушиња, а Кики ми нацрта носе и мустаќи:)))))) Абе право црно маченце. Кики жртвуваше цела кожна јакна за да си направи костум за Индијанка, а Јана беше Индијка прва класа. И си тргнавме накај плоштад.... Целта на овој пост ми е да ви го пренесам чувството кое што владееше таму! Имаше три вида на луѓе: 1.Маскирани ( јас, Кики, Јана, Кума, Дада.....) кои доаѓаат за барем еден ден да ги заборават сите свои обврски и за да се забавуваат, но пред се за да бидат видени! 2.Немаскирани (Петар, Бојан, Грев, Росана, Деспина....) кои доаѓаат исто така за забава, но немале идеја за маска, или пак, сметаат дека сето ова е само за деца. Оваа група на луге беа таму за да видат некои креативни маски или тотални промашувања. 3. Да, даааа и тука ги имаше- ТЕШКИ МАНИЈАЦИ. Кои излегле од дома за да гледаат разголени тела и да дофрлаат некои неиздржливи коментари па дури и да ја откачуваат опашката на вашето маченце:( Е најинтересно од се беше тоа што сите разголени тела на плоштадот беа машки маскирани во девојки или жени, па манијаците си се вракаат со спуштен...поглед!
Ако ја тргнеме на страна третава група, се беше тооолку убаво, совршено и полно со љубов. Вперени погледи на непознати луѓе кои ти кажуваат дека си супер и дека им се допага твојата маска, мали дечиња кои се радуваат на толку маскирани луѓе, средбата со некој со кого не сте виделе со месеци, години.... И целата вечер беше маскирана слика за центарот на градот. Но вредеше да се почувствува тој народски дух полн со љубов и несебичност. Мјауууууу
masks = love

5 коментари:

Ivana рече...

Повеќето беа од 2-та категорија :)

ONUR рече...

lele kuma bev mnogu bolen ne te vidov tih :<<<<<<<<<<

Sin рече...

Леле ме има спомнато во постов :) познат сум, јухуууу :))

иначе го заборави Гонзо, лудница беше типот ;)

поздрав, Грев

Sin рече...

btw те ставив во пријателчиња на www.grev.blog.com.mk

PoisonGirl рече...

сестричке закон ти е блогов!