BLOGGER TEMPLATES AND TWITTER BACKGROUNDS »

четврток, 26 ноември 2009

Cut there....thank you


Македонија е како филм. Сите ние играме по сценарио. Живееме живот како што претпоставениот мисли дека е најдобро и веруваме во неговите визии. Кога навремено ни исплаќаат хонорар и кога добиваме пофалби, се маваме во гради дека сме горди македонци и дека ја сакаме својата улога. Кога било што ќе тргне наопаку истата ја напуштаме. Од 19 декември ќе се преполовиме. Оние кои не знаат да глумат ќе одат во друга продукција. За светот ние сме второ продолжение од некој филм, сите очекуваат многу повеќе. Ние сме глумци на сопствените желби и очекувања. Кога нешто ќе излезе од контрола, не се жалиме многу, туку ги менуваме желбите. Се правиме дека го сакаме она што го добиваме и дека се сакаме себеси. Кога никој друг не не сака, мораме така да играме. Нашиот филм наликува на реално-шоу, постојано сме опкружени со камери и секоја наша грешка е забележана и критикувана. Ние сите сме учесници во Големиот брат на тој начин што од нас се очекува и да се продадеме со порнографија, по цена да добиеме на гледаност....и учесници во Опстанок бидејки постојано се тестира нашата издржливост. Нашиот филм Македонија наликува на сапуница од мнооогу епизоди. Ние играме како моќните ни свират. За проблемите и за критиките си шепкаме мегу нас, ние глумците, доколку му се пожалиме на режисерот, ќе ја изгубиме работата.
И по толку многу години, ние македонците, сеуште снимаме. И ќе снимаме се додека никој не не разбуди во некој друг свет, кога овој траги-комичен филм ќе заврши. Но ние гласавме за снимањето на филмов, и бираме режисери. Снимаме од 1991 кога ја добивме улогата на самостојна држава. Филмот ќе заврши кога навистина ќе успееме тоа да станеме. Кога некој ќе рече : Cut there....thank you....

четврток, 2 јули 2009

Политиката во Македонија

1. Во Македонија постојат (само две) политички партии. Ако си за владеачката автоматски си крив за сите лоши закони и норми кои (не) се почитуваат кај нас. Тогаш милион пати ќе го проголташ моментот кога си го заокружил бројот на гласачкото ливче. Ти си крив дека не сме во ЕУ и НАТО, за сите дупки на улиците, за невработеноста, за инфлацијата, за мито и корупција.... Ако пак, си за опозицијата тогаш дефинитивно си етикетизиран како губитник, како личност чие право на глас не вреди ништо. Луѓето ќе ги карактеризираат сите твои дејствувања како неправилни или залудни, а се што навистина ќе постигнеш кога ќе се избориш за некое твое право, ќе те направи безделничар и секако, ти ќе играш по старото добро правило "кој губи има право да се лути". Во реалност, ти останува да бидеш политички неопределен, што со сигурност е најлошата варијанта која можеш да ја одбереш.

2. Ако во Македонија сакаш да бидеш новинар, особено политички, можеш слободно да си ги опуштиш мислите бидејќи во тој случај некој друг ќе мисли за тебе. Во Македонија неможеш да пишуваш тоа што ти сакаш да напишеш, неможеш на јавноста да и пласираш некоја политичка "прљава" игра затоа што така сите ќе те наречат "платен новинар" или новинар кој од партијата во која припаѓа е платен за да напише нешто. Реално, како новинар во оваа земја можеш да напишеш се, само некој тогаш ќе одлучи дали тоа што си го напишал ќе биде твојот последен прилог.

3. Своето мислење за некоја политичка тема, тука во Македонија, ти е најпаметно да го задржиш за себе. Можеби чудно и неправедно, но во реалноста е навистина така. Ако мислиш дека некоја кампања на Владата е во ред, верувај дека кога опозицијата ќе дојде на власт, тешко ќе си најдеш работа. Ако кажеш само еден збор против Владата, моменталното работно место ќе ти виси на конец.....Ако сакаме да донесеме заклучок, во Македонија политиката е најопасниот криминал кој постои. А покрај фактот што политиката ни стана секојдневие, сите ние сме криминалци во одредено време...Зависи која партија е на власт.

сабота, 20 јуни 2009

Дебата?!

Општо познато е дека луѓе кои сакаат да се направат паметни испаѓаат уште поглупави од што навистина се (ако тоа е возможно на некој начин). Во денешно време не е срамота да си глупав, срамота е тоа упорно да го покажуваш во јавноста! Нов тренд по скоро сите медиуми(телевизии поточно) се дебатите или некоја форма на дијалог слична на нив. И тука има секакви ликови: интелектуалци, политичари, студенти, идиоти, неписмени, партиски заковани или неопределени........ Бранејќи ги (по правило)своите мисли и ставови ги оставаат гледачите со подотворена уста (од фрапираност или разочарување). Има секакви. Најмногу ме вадат од такт оние кои реченицата која започнува со "Јас мислам..." ја читаат од претходно подготвени материјали, под претпоставка дека или не се способни да размислуваат, или пак, мораат да мислат она што надредениот сака да го мислат?! Ама па што ќе го насмее народот во овие тешки времиња ако нема луѓе без речник на зборење "изгубени во свемирот" како на пример Амди Бајрам со своите "Ти си пола човек-пола ништо, јас сум Coca Cola за тебе" и сл. Од ваква личност на која му е чудно дека новинарите работат за пари, до тотална спротивност како Владимир Ѓорчев, за кој мислевме дека е еден од поинтелегентните млади луѓе кај нас....и тој разочара во дебата!!! Факт: млади анонимуси повеќе се снаоѓаат во дебата, отколку оние од кои тоа се очекува како дел од нивната работа за која зимаат пари. Дебата не е ниту предизборна кампања ниту земање на интервју, а како таква најчесто се пласира! ЗА ЖАЛ! Дебатер може да биде само личност со изграден став за одредена тема, воедно личност која има речник на изразување и неколку прочитани книги. Се останато нека се сведе на кафански муабет, затоа што е срамота да се презентираат дебати какви што во моментов гледаме. Секоја чест на исклучоците!!!!

сабота, 13 јуни 2009

Контрадикторност


Мразам разделби....и секогаш кога за момент ќе си помислам дека се ми е средено во животот, некој си оди од него. Едни на студирање во странство, сестра ми се мажи, со некој ќе се налутиме за глупости,едноставно престануваме да се сакаме, луѓето се селат, менуваат населби, градови и држави, некои пак, остануваат физички близу, но предалеку се за да ги дофатиш. И секогаш во таквите моменти се чувствувам сама, предадена од некој за кој сум мислела дека ми е близок.Многу често и јас сум таа што си оди. Во таквите моменти седнувам да размислам дали сум згрешила некаде и потонувам во мислите, илустрирани, како во некоја шпанска серија, па за момент се чувствувам попаметно, позрело, повозрасно, но ни тоа не ме тргнува од грижите.
Мразам нерасчистени работи....ама пак некои работи едноставно сакаш да ги задржиш за себе, премолчувам работи за да не повредам некого, знам кога некој ме лаже, ама знам дека другата страна на работите нема да ми се допадне, па не ни барам објаснување. Со дечкото избегнувам да се карам, кога нешто ќе ме повреди им се жалам на другарките, а со него зборувам кога имам проблеми со нив. А мислев дека сум искрена?! Не сум. Се плашам од расправии, па бегам од нив како ѓавол од темјан.
Мразам политика....а сакам да бидам политички новинар.Не сакам нечесни игри, а сакам да дејствувам во нивниот центар. Се правам паметна, јас ќе ја средам ситуацијата. Ха ха ха.
Мразам лицемери...останаа малку кои не се такви. Сите ти се прават пријатели...за пијанки или оговарање, а тоа можеш да го правиш и со непријател. Кога знаеш дека имаш на кого да се потпреш, пак не си сигурен. Сакаш да одбереш страна, вистински правец, а не ни знаеш дали постои таков.
Сите мразиме пороци...а секојдневно живееме со нив.
Бегаме од лаги....а лажеме за да спасиме глава.
Се правиме возрасни...а се однесуваме како деца.
Несакаме да работиме....ама сакаме пари.
Мразиме славни личности....а сакаме слава.
Се оговараме меѓусебно...а на само сме многу блиски.
Нели е животот премногу контрадикторен?

понеделник, 16 март 2009

Избори 2009...ама нема избор


Избори 2009....Треба да избереме градоначалници и претседател на РМ. А кандидатите"кој од кој"-експерти за влез на Македонија во ЕУ и НАТО. Градоначалниците анонимуси или надуени од партијата, кампањите повеќе за тоа што не направил другиот отколку што ќе направам јас....Не иде вака!!!!
*Максимално сум изреволтирана од кампањата на професорот Ѓорѓе Иванов(за кој најискрено планираВ да гласам). Користењето на сопствени студенти во платени политички програми ( по 1000 денари од студент), сметам дека е еднаква злоупотреба на функција како и примањето на мито и корупција, само што парите идат во обратен смер.
*Неговиот колега, исто така професор на Правен факултет, само претставник на опозицијата Љубомир Фрчковски, ептен ја забега работава. Каде беше кога постоеше кампањата ГОВОРЕТЕ МАКЕДОНСКИ? Србизми, бугаризми, вулгарности, закани....никогаш не биле а и нема да бидат достојни за еден кандидат за претседател на РМ. Претпоставувам дека ако (Не дај Боже), победи ќе отиде на преговори во Брисел, и ќе рече : Ајде бе не бидете педери, да му ебам мајката, примете не во Нато, кој ги ебе Грциве,ќе ги скичмиме ние, признајте не по нашето име или додајте некоја мочана кратенка...шо знам?
*Љубе Бошковски, искрено, најмногу ме изненади со кандидатурата. На негово место би си седела дома, да одморам малце а и секако би помогнала во процесот за ослободување на Јохан од Хаг, кој заглави таму затоа што слушаше нечии наредби (погодете чии ?!). Независен кандидат или претставник на ВМРО, во малку скриена форма, сеедно. Господине Бошковски, зарем не вкусивте доволно од македонската политика?
*Многу интересен кандидат-Нано Ружин. Иако повеќе ја гледам жена му на телевизија отколку него самиот, ми изгледа на многу приземјено човече, досега без политички гафови, грешки или катастрофи. Само некако ми штрчи партијава позади него ЛДП. Некако многу ми дојде. Да се пријавеше како независен кандидат-јас ќе бев прва што ќе гласав за него....Не знам што се случило навистина со собирањето на потписите и дали навистина имало некое помагање од страна на Иванов, но сметам дека човекот заслужува шанса. Сам... без ЛДП.

*Паметна, образована и што е вредно за поздрав, одличен говорник на македонскиот јазик, единствената кандидатКА за претседател на РМ-Мируше Хоџа. Или пак, Имер Селмани кој вели дека ќе се бори за Македонија и за Македонците, а при тоа кампањата ја има и ја рекламира и на албански и на македонски јазик. За овие двајца кандидати немам забелешка...само јас сум преголем патриот.Никогаш не би гласала за НЕМакедонец да биде претседател на Македонија. За Агрон Буџаку немам никакви информации само затоа што не ме ни интересираат.....

******Но и покрај бедниот избор морам да напоменам дека најлоша опција е да не се излезе на гласање. На тоа сите ние имаме право кое треба и мора да го искористиме!!!!
Само се надевам дека овој пат тоа навистина ќе биде ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА.

вторник, 17 февруари 2009

Мразам турбо-фолк, ама обожавам кафани?!

Турбо-фолк сељаци или само искрени за својата определба?

Кого и да прашам не слуша турбо-фолк и ги мрази тие глупави текстови и песни. А гледам за викендите, кафаните крцаат од гужва и тоа сo расположени и пијани млади кои (и тоа како) се забавуваат. Овој правец на музика не остава простор за рамнодушен став. Или ја сакаш или едноставно, органски не ја поднесуваш! Неможе да мразиш турбо-фолк ама една од омилените песни да ти биде “ Чаше ломим...” или некоја слична на неа!!! И еве јас слушам турбо-фолк, имам свои омилени песни и исполнители и неколку пати сум била принудена да одговарам на прашања од типот: -Како можеш бе? – Што наоѓаш во тие селски песни?...... и мојот одговор е – Па добро тоа е прашање на вкус (или нешто во таа смисла). На крајот на краиштата факт е дека јас никогаш не одам во кафана сама.
Со текот на времето некогашното "Ај да пиеме кафе", стана "Ај да идеме во кафана".
И ете ги таму сите на еден куп :рокери, панкери, рапери, металци, ПОЗЕРИ.... на почетокот на вечерта седнати со скиселена фаца и пијат пијачка..две...три...и целата слика се сменува со брзината на светлината. Опааааа! Истите "мразачи на кафанската атмосфера" со кренати раце во вис, со зацрвенети лица од алкохол и од играње,пејат песни од Гранд, од Планета.... И секој има по барем еден стих од турбо-фолк песна на која буквално одлепува. А утре по утринскиот мамурлук си пуштаат некоја модерна песна во нивни стил и повторно "им се повраќа од турбо фолкот". Па најискрено, дури и јас како “турбо-фолкер” морам да признаам дека текстовите на одредени песни се одвратни, неиздржливи и несфатливи! Мислам дајте бре луѓе, нема потреба од цитати се е јасно !!!!
И додека сите мрзат турбо-фолк, а кафаните се преполни...јас сум задоволна! Се надевам и тие некој ден ќе бидат со својот избор:D:D:D:D:D:D:D