BLOGGER TEMPLATES AND TWITTER BACKGROUNDS »

вторник, 23 септември 2008

Нови закони, стари грешки!

Нови закони носи новата влада! И тоа повеќето од нив се навистина за пофалба(со исклучок на оној за алкохолот!!!). Овој најновиот, за чиста Македонија, и можеби најстрог во однос на казните, е истакнат не по правилност, туку по дупките во истиот. Еве, се е во ред со замислата да не се фрлаат отпадоци, отпушоци и сл. на улиците и по парковите и јас го почитувам и поддржувам тоа. Затоа сабајле со кума ми на автобуска, решени да се придржуваме на правилата, побаравме корпа за отпадоци за да го фрлиме ѓубрето....и тука настана збрката моја. Корпа за отпадоци-НЕМА!!! И малото хартивче од мастика го ставив во ташна и се беше ок. Само за во иднина, што ако имам поголем отпад? Да си носам црна голема кеса од дома, или...?Или пак можеби (затоа што и пепелот е наречен отпад), сите пушачи освен цигари и запалка, со себе мора да си носат пепељара? Значи ако се носи некој одреден закон мора да се поработи на условите за да го користиме истиот.

Вториот закон со кој се сретнав денеска е оној за возачите. Нови (престроги) правила како на пример:со 4 непрописни паркирања, го враќаат возачот на преполагање за возачка. И ете и тој закон е правилен, но колку што јас знам низ градов имам барано место за паркинг и до половина час. Паркинзите низ Скопје се скапи или преполни, па следствено оние без пари или место би се паркирале во истиот момент кога во некој ќош ке им ја собере колата. И тука освен казните по новиот закон, настапува и "Пајак-службата". Е истата таа служба верувајте, дека низ градов има многу работа, што е еднакво на многу пари од платените казни. Каде идат тие пари и зашто истите не се искористат за отварање на нови паркинзи?

Сите овие прашања се бесцелни. Само во нашава држава законите се пишан "документ" кој неможе а во многу случаи и не смее да се почитува!!!!

вторник, 9 септември 2008

Независноста не се слави дома!!!

Вчера беше 8ми Септември. Денот ми беше крш-трагедија во 3 чина и не ми се мрдаше од дома....Но јас како Македонско девојче морав да изразам почит кон независноста на Македонија и сакав да го почуствувам духот на сплотените македонци кои го слават истото.
Стигнав за време на говорот на Груевски. Секоја чест за трудот меѓутоа 40 минути беше премногу!!! И занесена во сите честитки од премиерот несвесно ги забележувам луѓето околу мене...Се веат околу 50 знамиња на ВМРО, и сето тоа личеше на митинг со предизборни ветувања. Бидејки навистина го почитувам премиерот би го советувала да го смени новинарот кој му ги пишува говорите затоа што навистина што е многу-многу е. И навистина за огромна пофалба беше огнометот ....феноменално браво!!!
И по (долга) пауза почна забавата... а плоштадот беше полупразен да не речам пуст. И во глават си ги споредувам сликите од концертот на Здравко Чолич и оваа од вчера кога славиме независност. Трагично баш како и целиот мој ден. Се пееја
песни и се забавуваа луѓето како мене што дојдоа да си поминат убаво. А тоа беа не повеќе од 500 луѓе. Низ масата луѓе имаше дупки за да може уште поубаво да падне во очи ѓубрето како доказ колку не внимаваме. Журката згасна, без публика и без славење. Вчера бев разочарана до максимум....И за крај Македонци, не ги обвинувајте другите кои не епитетираат како несложен народ...па каде бевте на 8ми Септември?