BLOGGER TEMPLATES AND TWITTER BACKGROUNDS »

среда, 26 март 2008

Само една има вистина- има една МАКЕДОНИЈА

macedonia

Денешниов ден ми помина во дебатирање за нашето име! Сабајле со мајка ми дома, па на факултет кај Искра на час. Хаос. И на крај само се смирив и си се прашав : постои ли некој на кого навистина му е важно моето мислење, мислењето на моите колеги или пак на било кој обичен човек? Или пак ние само треба меѓусебно да си ги извадиме очите и на крај некој да си одлучи на своја рака? За да биде ситуацијата многу посмешна од што смее да биде, постои фактот дека можеби сите ние повеке се замараме од оние на кои тоа им е работа и задача.
Многу е лесно да се маваме у гради дека сме горди Македонци кои ако треба и со крв ке ја бранат државата во и за која живеат. Но дали некој продолжува понатаму од еден обичен уличен разговор? Еве јас јасно и гласно кажувам дека Македонија е мојата земја и дека светот може да ме нарече како сака, мегутоа јас засекогаш ке знам што сум и каде припаѓам. Ние во последно време дозволивме да ни го исперат мозокот!!!
Па драги мои државјани, како очекуваме да не сака светот, кога ние меѓусебно, во затворени граници одиме еден против друг. Нашите политичари глави ке си искршат бегајки од одговорноста. Па еве, јас се согласувам да бидам одговорна ако (не) влеземе во НАТО или ЕУ. Неможам да го поречам и фактот дека овие две организации ни се безрезервно потребни, но незнам колку вредат драстични промени за тоа.
Најважно во оваа ситуација, е сите заедно да одлучиме за нашата иднина. Како и да се викаме ајде да се потрудиме да бидеме сложни Македонци!!!!

недела, 23 март 2008

Учење? Не, благодарам!

tv

Недела е....најдосадниот ден!!! Си викам нема шанси да фатам книга, не ми се учи ни најмалку (многу нормално). Па ај ке гледам нешто на ТВ зашто и од интернетов веке ми дојде преку глава!!! НаМТВ1 има некој обид за забавна емисија:) Леле колку се очајниии. На А1 нормално, фудбал. (а вчера бев приморана да гледам дури 2 утакмици- браво за јувентус!!!) . На останатите наши програми се шпански серии и тоа 256 епизода????? Лелееее. И демек затоа што имам кабловска си викам ке најдам нешто. На една програма документарец на Русија и Чеченија, на друга вести, на трета филм од 50-тите, на четврта бедни спотови, а на останатите каде што имаше некои прифатливи филмчиња, ми го скинаа преводот. (I don't speak English). Ех мори пуста Ивано, срамота е во XXI век да не разбираш англиски! И ме пукна тешка досада, се врткам низ дома наваму-натаму и ги нервирам сите (а и они мене) па морав да излезам малку надвор. За времево-немам коментар. Треба да се носи некоја комбинација слична на апостолки и јакна, или чизми и блуза со кратки ракави... Ненормална работа. Бев на кафенце и на играње канаста (кафето не ми се погоди а карти не ни игравме). И си решив ке си идам дома да си учам:( Ете ветувам, само да пишам на блог, да се избањам, да јадам, да ја раскренам собата, да пијам кафе...па ке учам ако имам време:)

вторник, 18 март 2008

ЈСП-Језиво Сурово Патување

Ма дајте бре вие таму министери или што и да сте.... Сте ги загледале ли автобусите кои ги пренесуваат патниците во Скопје? Сте го провериле ли возниот ред?
Денес имав предавање до 21 часот (Каде го има тоа? Па на новинарство, се разбира!) и си тргнав накај дома. На југо-дрво чекав 7-ца до 21:40, па си викам да си седнам да си одморам... А таму место за стоење нема, а камоли за седење. Добро, викам, ај ке си се сместам некаде, ке постојам, не е проблем(млада сум уште). Епа ако е некој толку храбар да издржи да стои во цела мешавина на мириси: младо лукче од зелено пазарче, испотени луѓе, разни измешани парфеми ( а преовладува оној од бугарска ружа)..... и што уште не......алал да му е! Јас неможев!!! А и нормално во автобусот владееше неопислива нервоза затоа што бевме 100 луѓе, скоро еден преку друг, како Евреите кога ги пренесувале накај Аушвиц.
Имам само едно прашање: Дали "високата владеачка класа" не ги забележува автобусите заради тоа што никогаш не ги ни користи???
bus

недела, 16 март 2008

Каде е ноќниот живот во Скопје?

После напорната недела еден релаксиран викенд. И си ги поделив деновите- во петок кај Петар а во сабота ке излезам некаде со другарките. Петокот си помина супер, па дојде сабота....Си пиеме кај кума ми во саботата па почнаа договорите....и СТОП!!! Castro, Marakana, Portapub........затворени од инспекција! Coloseum -прескапо! А се останато, работи до 00-01 саат!!! Секако не ни се остануваше дома, сепак женска вечер, така? И почнавме да вртиме по телефони: некој имаше глупави идеи а некој едноставно немаше идеи каде да се иде! Супер, не сме биле единствени! Само да дојде летото или барем малку да затопли, ке си се преселам во парк ( нема фискални сметки, бесплатен влез и нема работно време) И така во саботата си пиев кај кума и си дојдов дома за да спијам! Ама неможам да се пожалам од вечерта! Само морам и тука да спомнам дека ми фали мојата сакана Теа!!!
party

среда, 12 март 2008

Ден на дрвото?! Да, да секако...

tree

Се е во ред а и искрено за огромна пофалба! Владата (или кој и да е ) прогласува ден на дрвото и го прави неработен. Демек, затоа што не сме на факултет, у школо, на работа и сега сите ке излеземе да засадиме дрво. А ние кутрите преморени од работните денови, овој слободен ден ни доаѓа како "кец на десетка " и се излежуваме дома зашто од утре пак напорни денови! Морам да ги спомнам и моите сакани луге кои и овој ден го поминаа работно (Петар и сестра ми). Тие кои си дозволија да излезат од дома, ги наполнија кафичите во центарот на градот и кулираа во прекрасниот сончев ден. Па некако да сумираме, на никој ама баш на никој не му беше до садење на дрвца (за жал, нормално). Секоја чест на исклучоците

вторник, 11 март 2008

НЕШТО МНОООГУ УБАВО



еве сега се во едно : да го оправдам името на мојот блог, да ставам едно клипче со убави сликички и најважно : ЗА НАШИОТ ИЗГУБЕН АНЃЕЛ ТОШЕ

Хорор цртани

Па ова не е нормално!!! Почнаа да се самоубиваат деца од околу 10 години?! Па добро бе, што знаат тие од животот? Јас лично, дел од кривицата наогам во моронските цртани филмови кои им се презентираат. Телетабиси? Па кој нормален родител не би му забранил на своето дете да го гледа ова чудо? 4 неодредени животинчиња со израстоци на главите, тресат секакви глупости и си разговараат со сонцето ( кое е всушност со глава на бебе). А нивните кукички се во некои подземни подруми, па децата под лошо влијание почнаа да се фрлаат во шахти, мислејки дека таму ги чекаат убаво уредени кукички!!!

telletubies

Во уште позавидна положба се наога цртанот “happy tree friends”! На крајот од секоја уште подебилна епизода, умира по некој лик од цртанот. Зашто ? Ама остај тоа, на какви само начини умираат.... па вака во една епизода си направија лимонада од своите изцедени очи, во друга пак, си ги ставија главите под машина и беа многу срекни кога им се смачкуваа...?!

Па добро, што се случува со аниматорите? Која е целта на денешните цртани филмови?? Па каде се цртаните од нашето време со принцези, принцови, мнооогу љубов и срекни крајеви?

princecharming