За оваа тема имам дебатирано со мнооогу луге. И така решив моето размислување да го споделам со вас! Какви луге, барем во оваа држава, ги држат нашите животи во сопствени раце? Доктори или синови на функционери? Пред одреден период читам во весник на некој после операцијата му заборавиле ножици во стомак!? Аман бре докторе, како можеше толкави ножици да не видиш? Или операцијата е само : отвори, пробуричкај, сошиј(па што биде нека биде) и на крај најважното НАПЛАТИ ЗА ОПЕРАЦИЈАТА И ТОА ДЕБЕЛОО! Од моето искуство со болници, амбуланти и слично можам да го одвојам следново: забарката кога бев мала ме плескаше по раце и уста, со скршена нога го чекав докторот да заврши со јадење едно 30 минути, за да ми извадат крв ме боцнаа 5 пати...и фала Богу сега за сега е само тоа! А за наплакањата е повеке од јасно. Во денешно време, сиромашните луге несмеат да се разболат! Обични аналгетици зашеметуваат со цените, а најголемиот грев за кој имам слушнато е дека крвта која е давана од крводарители(пофалби до сите нив), се наплака и тоа по неколку илјадарки!!! Еден обичен преглед или посета на заболекар не може секој често да си дозволува. А баба и дедо цела пензија ја трошат на лекови. Срамота е бре луге!!!
Но пред се морам да им оддадам почит на сите исклучоци! За оние вистинските кои се на своето работно место сосема заслужено и пратени од Бога да се грижат за нас! Истите оние кои студирале со години за да останат верни на заклетвата дека се заложуваат себеси за да спасат нечиј живот. Бидете ми здрави и живи врвни професионалци со златни раце.
I did it my way...
Пред 15 години
1 коментари:
Колку добра тема!Се што треба е кажано јас само ќе додадам дека оние кои се профисионалци тешко можат да се докажат зошто тука само име отвара врати а не знаење и умешност.И како сакаш некој да учи да биде асален доктор кога студира 7 години бара работа уште 3-4 и на крај работи за едно бедни 15 000 срамота нели?толку од мене:D позз
Објави коментар