BLOGGER TEMPLATES AND TWITTER BACKGROUNDS »

петок, 25 април 2008 г.

На Велигден сум се заљубил...



Браво, браво, бравоооо! Немам други зборови. Одличен глас и супер песна. Вреди да се слушне и види. Па повелете драги мои....

недела, 20 април 2008 г.

Медицинска (зло)употреба

За оваа тема имам дебатирано со мнооогу луге. И така решив моето размислување да го споделам со вас! Какви луге, барем во оваа држава, ги држат нашите животи во сопствени раце? Доктори или синови на функционери? Пред одреден период читам во весник на некој после операцијата му заборавиле ножици во стомак!? Аман бре докторе, како можеше толкави ножици да не видиш? Или операцијата е само : отвори, пробуричкај, сошиј(па што биде нека биде) и на крај најважното НАПЛАТИ ЗА ОПЕРАЦИЈАТА И ТОА ДЕБЕЛОО! Од моето искуство со болници, амбуланти и слично можам да го одвојам следново: забарката кога бев мала ме плескаше по раце и уста, со скршена нога го чекав докторот да заврши со јадење едно 30 минути, за да ми извадат крв ме боцнаа 5 пати...и фала Богу сега за сега е само тоа! А за наплакањата е повеке од јасно. Во денешно време, сиромашните луге несмеат да се разболат! Обични аналгетици зашеметуваат со цените, а најголемиот грев за кој имам слушнато е дека крвта која е давана од крводарители(пофалби до сите нив), се наплака и тоа по неколку илјадарки!!! Еден обичен преглед или посета на заболекар не може секој често да си дозволува. А баба и дедо цела пензија ја трошат на лекови. Срамота е бре луге!!!
Nurse nurse button
Но пред се морам да им оддадам почит на сите исклучоци! За оние вистинските кои се на своето работно место сосема заслужено и пратени од Бога да се грижат за нас! Истите оние кои студирале со години за да останат верни на заклетвата дека се заложуваат себеси за да спасат нечиј живот. Бидете ми здрави и живи врвни професионалци со златни раце.

сабота, 12 април 2008 г.

*Почивај во мир анѓелу*

Денес сфатив колку ме боли фактот што повеке нема место да не верувам дека си тука. И секоја помисла на тебе боли до лудило. А ми останаа толку многу прашања: Зашто те зема небото кога беше толку млад и пред тебе стоеше надеж дека оваа земја ке успее? И секој збор, секој стих од твоите песни ми кажува дека единственото што ми останува е да заплачам понекогаш во мојот скриен свет, без никој да чуе и самата на себеси да си признаам дека те сакам. А кога беше тука не бев свесна за тоа. И секогаш си дозволувам да верувам во втората шанса за живот во која владееш ти. Дали таму ти е подобро? Знаеш ли дека океан од солзи ја преплавува твојата сакана земја? И секогаш сум свесна колку вредеше и сеуште вредиш. Затоа што ти беше безгрешен. Кој не верува во совршенство ако те познава тебе? Драг наш Тоше, анѓелу светол, поминаа 6 месеци а јас сеуште чекам некој да ме разбуди од сонов во кој ти не постоиш. Чудно ли е тоа што те чувствувам толку блиску? Грев ли е тоа што ја проколнувам судбината што си поигра со нас за да ни даде животен совет?
tose,proeski
Сакам да знаеш дека во оваа Македонија има 20000000 срца кои чукаат во ритамот на твојата искрена песна. Јас сум едно од нив и се плашам дека немавме време да ти го докажеме тоа. Беше ли свесен колку те сакаме? Знаеше ли дека никој нема да те замени? Затоа што ти за нас беше сето она што сакаме да го имаме. И сето она што засекогаш мене ке ме прави горда. Секој нареден збор за тебе е симбол на една моја солза. За крај сакам да ти кажам дека те сакам...најмногу и дека верувам во секое твое кажано ве сакам сите!!! И затоа знам дека ме сакаше и мене!!!!
*Почивај во мир анѓелу*

четврток, 3 април 2008 г.

Едно име имаме, во душата го носиме

Да ми кажуваше некој дека на блогов ќе пишувам за политички теми, ке се изгазев од смеење. Ама сега, во ваква ситуација воопшто не е чудно да го изразам мојот револт.
Ете, покана од НАТО нема за Македонија. И сега што? Или подобро е да прашам зашто? Нели ги исполнивме сите барања, нели сите ни даваа поддршка, нели веруваа дека Македонија ке влезе во НАТО заедно со Хрватска и Албанија? И наеднаш на сите кои имаат моќна положба во општеството, една Грција им кажа што и како да прават. Ееееее бре соседи, како сакате да се викаме? Што уште сакате да ви дадеме? Во моментов од мене само можете да добиете високо дигнат среден прст и фалсификат од нашата покана за НАТО за да можете да си ја пикнете у....
Сите Македонци денес ја потиснуваат својата гордост и ја изедначуваат со разочарувањето кое дојде како огромен шок. Сега е навистина доста од сето ова. Не е ни важно кој купува во Веро, кој става бензин од Окта, кој е корисник на моделите на Космофон или кој ке иде во Грција на летен одмор. Сето тоа е прашање на совест и свест. Јас купувам во маалскиот маркет, не сум возач, мобилниот број ми започнува на 070 и летово ке уживам на нашите охридски плажи. И во мегувреме со целото свое срце ке ги мразам оние кои имаат проблем со моето потекло, со мојот народ и со мојата земја. И сакам да дадам две пораки низ овој пост:
1. Драги мои Македонци: кога сме толку храбри, силни, горди и обединети зарем една светска сила како НАТО ни е потребна за да не брани? Никој не е должен да добие објаснување за тоа дека ние имаме наша земја ( Македонија), наш јазик(македонски) и наша нација (Македонци). И никој ама апсолутно никој нема право тоа ниту да помисли да го менува.
2. Проклети соседи:

middle finger

среда, 2 април 2008 г.

Денот на шегата и среќата на оние кои не сакаат да пораснат

Вчера беше први Април. И јас цел ден седев дома и учев историја (априлилилиии). Ма какво учење бе...па требаше да се спремаат маски! Јас си се пикнав во кожни пантолони, кожна јакна, татко ми ми направи опашка и ушиња, а Кики ми нацрта носе и мустаќи:)))))) Абе право црно маченце. Кики жртвуваше цела кожна јакна за да си направи костум за Индијанка, а Јана беше Индијка прва класа. И си тргнавме накај плоштад.... Целта на овој пост ми е да ви го пренесам чувството кое што владееше таму! Имаше три вида на луѓе: 1.Маскирани ( јас, Кики, Јана, Кума, Дада.....) кои доаѓаат за барем еден ден да ги заборават сите свои обврски и за да се забавуваат, но пред се за да бидат видени! 2.Немаскирани (Петар, Бојан, Грев, Росана, Деспина....) кои доаѓаат исто така за забава, но немале идеја за маска, или пак, сметаат дека сето ова е само за деца. Оваа група на луге беа таму за да видат некои креативни маски или тотални промашувања. 3. Да, даааа и тука ги имаше- ТЕШКИ МАНИЈАЦИ. Кои излегле од дома за да гледаат разголени тела и да дофрлаат некои неиздржливи коментари па дури и да ја откачуваат опашката на вашето маченце:( Е најинтересно од се беше тоа што сите разголени тела на плоштадот беа машки маскирани во девојки или жени, па манијаците си се вракаат со спуштен...поглед!
Ако ја тргнеме на страна третава група, се беше тооолку убаво, совршено и полно со љубов. Вперени погледи на непознати луѓе кои ти кажуваат дека си супер и дека им се допага твојата маска, мали дечиња кои се радуваат на толку маскирани луѓе, средбата со некој со кого не сте виделе со месеци, години.... И целата вечер беше маскирана слика за центарот на градот. Но вредеше да се почувствува тој народски дух полн со љубов и несебичност. Мјауууууу
masks = love