Сега заврши судењето во Хаг... Не се разбирам многу во политика и судски систем па нема да се нафрлам со пишување на права, обврски, докази... Само сакам да прашам едно:кога ке ги судат луѓето кои убиваа Македонци во тоа време 2001-2002? И не ми е јасно од кога бранењето на сопствената држава е кривично дело?
Еден ослободен-еден осуден...велат, заради повеќе докази. Секоја чест за ослободувањето на Бошковски, но што ке се случи со Тарчуловски?Осуден за неколку дела а првото од нив е убиство. Има ли некој статистички податок колку Македонци загинаа бранејки ја својата земја? И можна ли е компарација на двата списока?
Едниот бранител (иако не викам дека е човек без гревови и грешки во овој случај за мене може слободно да го епитетирам како бранител) , осуден на цели 12 години. И таа казна е единствена, без право на жалба и помилување. Остана да одговара за своето дело, а мене ми останува само да се запрашам дали ке има некој да ја брани оваа земја во кризни состојби знаејки дека некогаш можеби ке биде осуден за истото???
I did it my way...
Пред 15 години
2 коментари:
Тие што ја бранеа нашата татковина сега ќе бидат во затвори.. А зарем се заборавија злосторствата над работниците од Липково, каде се 12 киднапирани .... Кога ќе има судска разврска за овие случаи и уште многу ??? Или самите ние сме виновни за конфликтот од 2001 ???
Да да тие работи се заборавени и според некои не треба да се спомнуваат. А за тоа дали сме сами криви или не, не е тешко да се заклучи.
Објави коментар