Поминаа стресните денови на факултет, спремањето на испити од по 500 страни кои ги полагав кај ментални и искомплексирани професори (секоја чест на исклучоците). И веке заморена од податоци кои не вредат ни малку и кој никогаш нема да ми притребаат во животов, решив да почнам да читам книги. Се обратив кај тетка ми која е голем познавач на убавата страна од литературата и ми препорача две, а по мојата воодушевеност, истите и ми ги подари! Затоа решив да ви ги препорачам затоа што навистина ме оставија без зборови.....
1. "A cup of tea" или "Шолја чај"- Ејми Ефрон. Една лесна книга која не ти дозволува да ја оставиш за подоцна. Книга која се чита во еден здив. Лесна приказна за суров и нефер љубовен тријаголник. Дејството се случува во Њујорк во далечната 1917. Нема да во откривам ништо повеќе затоа што ова дело навистина заслужува да се прочита.
2. Мојата дефинитивно омилена книга "Jennie Gerhardt"или "Џени Герхарт"-Теодор Драјзер беше вториот избор за летово. Книгата дефинитивно им ја препорачувам повеке на женскиот пол затоа што е полна со емоции и солзи која може да ги допре и најстудените срца. Ова е приказна за суровиот живот кој неуморно го носи семејството Герхарт на работ на егзистенцијата и си поигрува со нивните животи. Љубов, работа, вера, почитување, ризик, тага, надеж.......
недела, 20 јули 2008 г.
Две животни приказни....
Објавено од *IVANCE* 1 коментари
четврток, 10 јули 2008 г.
Судењето заврши...ама како?
Сега заврши судењето во Хаг... Не се разбирам многу во политика и судски систем па нема да се нафрлам со пишување на права, обврски, докази... Само сакам да прашам едно:кога ке ги судат луѓето кои убиваа Македонци во тоа време 2001-2002? И не ми е јасно од кога бранењето на сопствената држава е кривично дело?
Еден ослободен-еден осуден...велат, заради повеќе докази. Секоја чест за ослободувањето на Бошковски, но што ке се случи со Тарчуловски?Осуден за неколку дела а првото од нив е убиство. Има ли некој статистички податок колку Македонци загинаа бранејки ја својата земја? И можна ли е компарација на двата списока?
Едниот бранител (иако не викам дека е човек без гревови и грешки во овој случај за мене може слободно да го епитетирам како бранител) , осуден на цели 12 години. И таа казна е единствена, без право на жалба и помилување. Остана да одговара за своето дело, а мене ми останува само да се запрашам дали ке има некој да ја брани оваа земја во кризни состојби знаејки дека некогаш можеби ке биде осуден за истото???
Објавено од *IVANCE* 2 коментари
недела, 6 јули 2008 г.
Од мојот дневник на љубовта
Инспирирана од филмот "Sex and the city" почнав да размислувам за љубовта и пријателството. Водејки се од мојот приватен живот, со сопствени примери наспроти оние бајки за вечна љубов која е безусловно совршена! И ете ме мене во целиот хаос од мисли, искуства, чувства, потреби... И да јас знам дека ја имам љубовта која ми треба и знам дека сум спремна и да се жртвувам ако е тоа потребно. Но што е љубовта? Дали е љубов тоа да размислуваш за некого 24/7, да го повторуваш неговото име повеке од своето, да го сметаш денот за убав ако си со него, неговото расположение да го гради твоето а неговите мисли да станат твои?
Дали е тоа љубов или зависност?
А пријателството...е сосема нешто друго! Да расчистиме,станува збор за вистинско пријателство! Таму е се дозволено. Да сакаш, да простуваш, да плачеш кога си срекен и да се смееш кога си тажен. Таа пријателска љубов заслужува целосна посветеност затоа што тоа трае засекогаш!
Во животот постојат безброј патишта кои се отвараат по цена да затвориш други. Ние сме само луѓе кои неможат да постигнат врвови на две планини наеднаш. Мојата смисла за другарство ме прави многу силна. Она вродено чувство за борба за опстанок кренато на 5ти степен. И кој со оваа сила може да си дозволи да повреди некоја од моите принцези кои ги сакам со целото свое срце? Ние сме споени во еден затворен круг, прицврстени со нескротливи срца и духови!
Впрочем, такво е секое вистинско другарство! Да си дозволиш туѓото мислење да владее во тебе и да си спремен да проголташ тешки зборови....
Во љубовта кон овие релации те води сила и сакање...но несмееш да си дозволиш да се изгубиш себеси, а уште помалку твојата смисла за срека и сакање.
За крајот на овој пост, дозволете ми да ги напишам имињата на моите музи за пишување и живеење: Петар, Теа, Елена, Кики, Јана, Марија.......Само за вас сакани мои!!!
Објавено од *IVANCE* 5 коментари