BLOGGER TEMPLATES AND TWITTER BACKGROUNDS »

вторник, 17 февруари 2009 г.

Мразам турбо-фолк, ама обожавам кафани?!

Турбо-фолк сељаци или само искрени за својата определба?

Кого и да прашам не слуша турбо-фолк и ги мрази тие глупави текстови и песни. А гледам за викендите, кафаните крцаат од гужва и тоа сo расположени и пијани млади кои (и тоа како) се забавуваат. Овој правец на музика не остава простор за рамнодушен став. Или ја сакаш или едноставно, органски не ја поднесуваш! Неможе да мразиш турбо-фолк ама една од омилените песни да ти биде “ Чаше ломим...” или некоја слична на неа!!! И еве јас слушам турбо-фолк, имам свои омилени песни и исполнители и неколку пати сум била принудена да одговарам на прашања од типот: -Како можеш бе? – Што наоѓаш во тие селски песни?...... и мојот одговор е – Па добро тоа е прашање на вкус (или нешто во таа смисла). На крајот на краиштата факт е дека јас никогаш не одам во кафана сама.
Со текот на времето некогашното "Ај да пиеме кафе", стана "Ај да идеме во кафана".
И ете ги таму сите на еден куп :рокери, панкери, рапери, металци, ПОЗЕРИ.... на почетокот на вечерта седнати со скиселена фаца и пијат пијачка..две...три...и целата слика се сменува со брзината на светлината. Опааааа! Истите "мразачи на кафанската атмосфера" со кренати раце во вис, со зацрвенети лица од алкохол и од играње,пејат песни од Гранд, од Планета.... И секој има по барем еден стих од турбо-фолк песна на која буквално одлепува. А утре по утринскиот мамурлук си пуштаат некоја модерна песна во нивни стил и повторно "им се повраќа од турбо фолкот". Па најискрено, дури и јас како “турбо-фолкер” морам да признаам дека текстовите на одредени песни се одвратни, неиздржливи и несфатливи! Мислам дајте бре луѓе, нема потреба од цитати се е јасно !!!!
И додека сите мрзат турбо-фолк, а кафаните се преполни...јас сум задоволна! Се надевам и тие некој ден ќе бидат со својот избор:D:D:D:D:D:D:D

недела, 14 декември 2008 г.

Грците се утепаа!!!! Само напред соседи.....

Macedonia Pictures, Images and Photos
Еееее...а до пред некое време ние не чиневме. Ние бевме народ без историја, култура.Народ што не знае кај му е местото во општеството. За нив Македонците беа сељаци, несложни и глупави. А они сега направија балкански циркуз. Граѓанска војна. Срање у боја!
Епа соседи Грци, ако ние немаме историја и култура, морам да истакнам дека вашата култура е на страшно завидно ниво последниве денови. Еден Македонец никогаш не би си дозволил да се однесува така дивјачки затоа што ние имаме воспитување, култура, морал, етика, љубов, братство........
А каде се Грчките политичари кои знаат што да прават со нас, а не знаат што да прават со своите луѓе? Владините претставници излегуваат со изјава дека случувањата во Атина немаат големо значење бидејќи тоа се само неколкумина екстремни левичари кои го искажуваат сопственото незадоволство?! Моооолам?
Полициски извори велат дека им се исцрпени резерви на солзавец бидејќи имаат потрошено рекордни 4.600 капсули за само една недела и веќе се прават нови набавки. Млади луѓе излегуваат на улиците и ја напаѓаат полицијата а всушност сакаат да ја нападнат лично владата на Грција. Демонстрираат со транспаренти "Државата убива" или "Владата е виновна за убиството". Грците не си ја сакаат сопствената власт, а грчката власт мисли дека има време и простор да не не сака нас, Македонците.
И зарем ова не е сериозна работа? Или сметаат дека никогаш нема да бидат поразени? Па мочковци едни, меѓусебно се испотепавте бре!!!!!
Ама мене не ми пречи, јас сум ЗА ЕДИНСТВЕН ПАТ од ваша страна. Ве поддржувам. Со среќа најмили мои-испотепајте се, уништете се до еден, сотрете се што имате.....
А ние ке ви пратиме разгледница со сочувство:ПОЗДРАВ ОД МАКЕДОНИЈА!!!!!!!!!

вторник, 23 септември 2008 г.

Нови закони, стари грешки!

Нови закони носи новата влада! И тоа повеќето од нив се навистина за пофалба(со исклучок на оној за алкохолот!!!). Овој најновиот, за чиста Македонија, и можеби најстрог во однос на казните, е истакнат не по правилност, туку по дупките во истиот. Еве, се е во ред со замислата да не се фрлаат отпадоци, отпушоци и сл. на улиците и по парковите и јас го почитувам и поддржувам тоа. Затоа сабајле со кума ми на автобуска, решени да се придржуваме на правилата, побаравме корпа за отпадоци за да го фрлиме ѓубрето....и тука настана збрката моја. Корпа за отпадоци-НЕМА!!! И малото хартивче од мастика го ставив во ташна и се беше ок. Само за во иднина, што ако имам поголем отпад? Да си носам црна голема кеса од дома, или...?Или пак можеби (затоа што и пепелот е наречен отпад), сите пушачи освен цигари и запалка, со себе мора да си носат пепељара? Значи ако се носи некој одреден закон мора да се поработи на условите за да го користиме истиот.

Вториот закон со кој се сретнав денеска е оној за возачите. Нови (престроги) правила како на пример:со 4 непрописни паркирања, го враќаат возачот на преполагање за возачка. И ете и тој закон е правилен, но колку што јас знам низ градов имам барано место за паркинг и до половина час. Паркинзите низ Скопје се скапи или преполни, па следствено оние без пари или место би се паркирале во истиот момент кога во некој ќош ке им ја собере колата. И тука освен казните по новиот закон, настапува и "Пајак-службата". Е истата таа служба верувајте, дека низ градов има многу работа, што е еднакво на многу пари од платените казни. Каде идат тие пари и зашто истите не се искористат за отварање на нови паркинзи?

Сите овие прашања се бесцелни. Само во нашава држава законите се пишан "документ" кој неможе а во многу случаи и не смее да се почитува!!!!

вторник, 9 септември 2008 г.

Независноста не се слави дома!!!

Вчера беше 8ми Септември. Денот ми беше крш-трагедија во 3 чина и не ми се мрдаше од дома....Но јас како Македонско девојче морав да изразам почит кон независноста на Македонија и сакав да го почуствувам духот на сплотените македонци кои го слават истото.
Стигнав за време на говорот на Груевски. Секоја чест за трудот меѓутоа 40 минути беше премногу!!! И занесена во сите честитки од премиерот несвесно ги забележувам луѓето околу мене...Се веат околу 50 знамиња на ВМРО, и сето тоа личеше на митинг со предизборни ветувања. Бидејки навистина го почитувам премиерот би го советувала да го смени новинарот кој му ги пишува говорите затоа што навистина што е многу-многу е. И навистина за огромна пофалба беше огнометот ....феноменално браво!!!
И по (долга) пауза почна забавата... а плоштадот беше полупразен да не речам пуст. И во глават си ги споредувам сликите од концертот на Здравко Чолич и оваа од вчера кога славиме независност. Трагично баш како и целиот мој ден. Се пееја
песни и се забавуваа луѓето како мене што дојдоа да си поминат убаво. А тоа беа не повеќе од 500 луѓе. Низ масата луѓе имаше дупки за да може уште поубаво да падне во очи ѓубрето како доказ колку не внимаваме. Журката згасна, без публика и без славење. Вчера бев разочарана до максимум....И за крај Македонци, не ги обвинувајте другите кои не епитетираат како несложен народ...па каде бевте на 8ми Септември?

петок, 29 август 2008 г.

Во Македонија се зборува на македонски јазик,така?

Вчера јас и сестра ми затрчани влегуваме во Гратската болница во Скопје. Ирина си ја повреди раката на работа па моравме да провериме. И во самата болница, болна слика, барем за мене. Ке ја премолчам непрофесионалноста на персоналот, затоа што чекавме 10 минути за контрола, а половина час за снимање.... Меѓутоа мене ме налути и навреди нешто друго. Во болницата сите беа Албанци(доктори, чувари, сестри, чистачи, пациенти...) што е можеби логично и фер затоа што вчера беше наш празник. Но, верувајте ми дека сите горе наведени меѓусебно си зборуваа на албански јазик. И наеднаш јас во сопствената држава се почувствував глупаво и немо. Како јас кај нив да сум дошла да живеам. Нервозно мрдав со ногата, и пукав прсти мислев дека ке спобудалам од нервоза. И таман мислев дека не може да биде полошо, ми се врти еден човек и ми се обраќа на албански...Му викам "Не ве разбирам и не ми се зборува". И почна да ми се обраќа на македонски јазик, а верувајте дека по она што го чув , човекот немаше никакви проблеми при изговорот. Не му одговорив ни на македонското прашање.
Драги пријатели, па зашто некој (или ние) направил да се чувствуваме туѓо во сопствена земја? Зашто им дадовме се што ни побараа? Уште кои ПРАВА ке им го овозможиме за да не газат во сопствената земја?
И за оние кои не знаат, ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ЗБОРУВА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Ако не ви чини, напуштете ја.

петок, 22 август 2008 г.

Ужасна слика во центарот на градот(2)

Пред се благодарност до Кајмакот што го поддржаа мојот пост "Ужасна слика во центарот на градот."

Но еве ме мене со уште една ружна слика. Минатиот викенд ја имав таа чест и отидов на мала обиколка низ земјава да се прошетам низ нашите прекрасни градови:Прилеп,Крушево, Кичево.... Сум си поминала за мерак!!! Убавини до убавини. Оваа наша сакана и единствена Македонија може навистина да се пофали со мнооогу убави нешта.
И враќајки се накај дома, во нашава метропола Скопје, мораше нешто да ми ја расипе совршената слика. На патот од Центар накај Лисиче зад нашата кола слушнавме нагло кочење со "пајканска" и така изненадено-уплашени се вртиме позади да видиме што се случува. Еден болен манијак (таксист во фирмата Коммак-Комерц), застанува на сред улица, излага насилно и почнува да тепа еден стар дедо. Се свестуваме и ја слушаме приказната дека дедото си поминувал на пешачки, правилно и прописно, но овој менталниов бил толку забрзан што неможел да закочи и сметаше дека дедото треба да биде истепан. За среќа, веднаш до дедото стоеше еден човек кој го избутка таксистот настрана, но на овој очигледно му беше до тепачка и истрча до колата и се врати назад со огромна палка за тепање. Замавнувајки накај дедото и човекот, насилников беше спречен од сите коли кои веднаш застанаа и најискрено се надевам дека си го доби заслуженото. Понекогаш во вакви ситуации посакувам да сум машко и да бидам мнооогу силна. Иако сум против улични тепачки и сл. на таксистов убаво ќе му покажев каде му е местото.
Како што веќе напоменав, тепачот вози во позната такси-фирма, во која многумина веруваат и често без размислување би се качиле кај него во кола. За да биде ситуацијата уште полоша, ова не е прв случај на луд таксист од истата компанија. Пред 5 месеци од прилика, во кола од истата такси -компанија, се качив да идам на релација железничка-Топанско. Таксистот, пред се почна да вози со веќе уклучен таксиметар и се направи дека не ме слуша кога му кажав да го уклучи отпочеток, наместо од кај пластичарската како што му реков, продолжи да вози преку Чаир, и по огромната расправија ме убедуваше дека турата чини 130 денари а јас цел живот се возам за 80. Дури и реков да застане и да ме остави на сред Јаја-Паша, но со најлуда вожња ме однесе до Топанско и бидејки виде дека Петар ме чека заврши со закана дека :" Иди сега ама дечкоти нема да те чека некаде цел живот." Нормално, дека веднаш пријавив во компанијата Коммак-Комерц и од таму добив одговор дека тој таксист оддамна бил избркан од фирмата, но дека сеуште си вози со нивната табла?! Да, да.... Затоа луѓе мои отварајте очи кај кого се качувате во такси, зашто секакви будали возат низ Скопјево!

вторник, 12 август 2008 г.

Само наша и совршена....ШЕМА


Горештината не поминува...Но секој со своите импресии од одморот си ја разладува душата. Некои од далечните земји, острови, некој од соседните (Уаааа за тие од Југот), а некој како мене остана во Македонија. Во посета на прекрасниот Охрид (no comment за Охригани), поточно во Градиште си ја одморив душава и еве ме пак на блогов. Неможам а да не го спомнам маркетот во градиште....Цените до плафон, мислам онака за основни продукти-изгор. Како во хипер инфлација(сум научила нешто економија), даваш 500 денари и излагаш со 2-3 продукти. Хаос!!! Плажите во Градиште, позната шема. Трки за тоа кој ке успее да го стави пешкирот на песок(камења) а да не ти седи во скут некој непознат од соседното друштво:) Ама Господ здравје да и даде на мојата пријателка Бети:))))))))))) што ни ја даде најубавата приколка во светот(или барем во Градиште,секако). Па на една минута едно диво плажиче...за мерак!!! И ајде решивме некоја вечер да тркнеме до центарот на Охрид да се измешаме со луѓе. И по незнам кој пат ке си признаам:мразам шемаџиски местаааа. Од (резервираната,со врски) маса во Liquid до wc потребни ни беа 20 минути, буткање со лакти, онака неприметно, едно лизгање од некој истурен пијалок, 5-6 ранички од газенки...... И даа секако еден шејкер ни помалку ни повеке туку 500 денари. А рака на срце во Градиште беше онака ко измислено за мене. Вечерни пијанки, музика за сечија душа, одбрано друштво, нокно бањање, легнување и во 00:00 ако сакаш(а ние сакавме)...... И ете така некако би завршил описот за мојот совршен одмор.....