BLOGGER TEMPLATES AND TWITTER BACKGROUNDS »

петок, 22 август 2008 г.

Ужасна слика во центарот на градот(2)

Пред се благодарност до Кајмакот што го поддржаа мојот пост "Ужасна слика во центарот на градот."

Но еве ме мене со уште една ружна слика. Минатиот викенд ја имав таа чест и отидов на мала обиколка низ земјава да се прошетам низ нашите прекрасни градови:Прилеп,Крушево, Кичево.... Сум си поминала за мерак!!! Убавини до убавини. Оваа наша сакана и единствена Македонија може навистина да се пофали со мнооогу убави нешта.
И враќајки се накај дома, во нашава метропола Скопје, мораше нешто да ми ја расипе совршената слика. На патот од Центар накај Лисиче зад нашата кола слушнавме нагло кочење со "пајканска" и така изненадено-уплашени се вртиме позади да видиме што се случува. Еден болен манијак (таксист во фирмата Коммак-Комерц), застанува на сред улица, излага насилно и почнува да тепа еден стар дедо. Се свестуваме и ја слушаме приказната дека дедото си поминувал на пешачки, правилно и прописно, но овој менталниов бил толку забрзан што неможел да закочи и сметаше дека дедото треба да биде истепан. За среќа, веднаш до дедото стоеше еден човек кој го избутка таксистот настрана, но на овој очигледно му беше до тепачка и истрча до колата и се врати назад со огромна палка за тепање. Замавнувајки накај дедото и човекот, насилников беше спречен од сите коли кои веднаш застанаа и најискрено се надевам дека си го доби заслуженото. Понекогаш во вакви ситуации посакувам да сум машко и да бидам мнооогу силна. Иако сум против улични тепачки и сл. на таксистов убаво ќе му покажев каде му е местото.
Како што веќе напоменав, тепачот вози во позната такси-фирма, во која многумина веруваат и често без размислување би се качиле кај него во кола. За да биде ситуацијата уште полоша, ова не е прв случај на луд таксист од истата компанија. Пред 5 месеци од прилика, во кола од истата такси -компанија, се качив да идам на релација железничка-Топанско. Таксистот, пред се почна да вози со веќе уклучен таксиметар и се направи дека не ме слуша кога му кажав да го уклучи отпочеток, наместо од кај пластичарската како што му реков, продолжи да вози преку Чаир, и по огромната расправија ме убедуваше дека турата чини 130 денари а јас цел живот се возам за 80. Дури и реков да застане и да ме остави на сред Јаја-Паша, но со најлуда вожња ме однесе до Топанско и бидејки виде дека Петар ме чека заврши со закана дека :" Иди сега ама дечкоти нема да те чека некаде цел живот." Нормално, дека веднаш пријавив во компанијата Коммак-Комерц и од таму добив одговор дека тој таксист оддамна бил избркан од фирмата, но дека сеуште си вози со нивната табла?! Да, да.... Затоа луѓе мои отварајте очи кај кого се качувате во такси, зашто секакви будали возат низ Скопјево!

1 коментари:

*elena* рече...

Pazete so koj se vozite vo taxi,inace kuma mnogu dobar post, otvori im gi ocite na lugeto, osobeno na nas devojkite.