Вчера јас и сестра ми затрчани влегуваме во Гратската болница во Скопје. Ирина си ја повреди раката на работа па моравме да провериме. И во самата болница, болна слика, барем за мене. Ке ја премолчам непрофесионалноста на персоналот, затоа што чекавме 10 минути за контрола, а половина час за снимање.... Меѓутоа мене ме налути и навреди нешто друго. Во болницата сите беа Албанци(доктори, чувари, сестри, чистачи, пациенти...) што е можеби логично и фер затоа што вчера беше наш празник. Но, верувајте ми дека сите горе наведени меѓусебно си зборуваа на албански јазик. И наеднаш јас во сопствената држава се почувствував глупаво и немо. Како јас кај нив да сум дошла да живеам. Нервозно мрдав со ногата, и пукав прсти мислев дека ке спобудалам од нервоза. И таман мислев дека не може да биде полошо, ми се врти еден човек и ми се обраќа на албански...Му викам "Не ве разбирам и не ми се зборува". И почна да ми се обраќа на македонски јазик, а верувајте дека по она што го чув , човекот немаше никакви проблеми при изговорот. Не му одговорив ни на македонското прашање.
Драги пријатели, па зашто некој (или ние) направил да се чувствуваме туѓо во сопствена земја? Зашто им дадовме се што ни побараа? Уште кои ПРАВА ке им го овозможиме за да не газат во сопствената земја?
И за оние кои не знаат, ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ЗБОРУВА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Ако не ви чини, напуштете ја.
петок, 29 август 2008 г.
Во Македонија се зборува на македонски јазик,така?
Објавено од *IVANCE* 2 коментари
петок, 22 август 2008 г.
Ужасна слика во центарот на градот(2)
Пред се благодарност до Кајмакот што го поддржаа мојот пост "Ужасна слика во центарот на градот."
Но еве ме мене со уште една ружна слика. Минатиот викенд ја имав таа чест и отидов на мала обиколка низ земјава да се прошетам низ нашите прекрасни градови:Прилеп,Крушево, Кичево.... Сум си поминала за мерак!!! Убавини до убавини. Оваа наша сакана и единствена Македонија може навистина да се пофали со мнооогу убави нешта.
И враќајки се накај дома, во нашава метропола Скопје, мораше нешто да ми ја расипе совршената слика. На патот од Центар накај Лисиче зад нашата кола слушнавме нагло кочење со "пајканска" и така изненадено-уплашени се вртиме позади да видиме што се случува. Еден болен манијак (таксист во фирмата Коммак-Комерц), застанува на сред улица, излага насилно и почнува да тепа еден стар дедо. Се свестуваме и ја слушаме приказната дека дедото си поминувал на пешачки, правилно и прописно, но овој менталниов бил толку забрзан што неможел да закочи и сметаше дека дедото треба да биде истепан. За среќа, веднаш до дедото стоеше еден човек кој го избутка таксистот настрана, но на овој очигледно му беше до тепачка и истрча до колата и се врати назад со огромна палка за тепање. Замавнувајки накај дедото и човекот, насилников беше спречен од сите коли кои веднаш застанаа и најискрено се надевам дека си го доби заслуженото. Понекогаш во вакви ситуации посакувам да сум машко и да бидам мнооогу силна. Иако сум против улични тепачки и сл. на таксистов убаво ќе му покажев каде му е местото.
Како што веќе напоменав, тепачот вози во позната такси-фирма, во која многумина веруваат и често без размислување би се качиле кај него во кола. За да биде ситуацијата уште полоша, ова не е прв случај на луд таксист од истата компанија. Пред 5 месеци од прилика, во кола од истата такси -компанија, се качив да идам на релација железничка-Топанско. Таксистот, пред се почна да вози со веќе уклучен таксиметар и се направи дека не ме слуша кога му кажав да го уклучи отпочеток, наместо од кај пластичарската како што му реков, продолжи да вози преку Чаир, и по огромната расправија ме убедуваше дека турата чини 130 денари а јас цел живот се возам за 80. Дури и реков да застане и да ме остави на сред Јаја-Паша, но со најлуда вожња ме однесе до Топанско и бидејки виде дека Петар ме чека заврши со закана дека :" Иди сега ама дечкоти нема да те чека некаде цел живот." Нормално, дека веднаш пријавив во компанијата Коммак-Комерц и од таму добив одговор дека тој таксист оддамна бил избркан од фирмата, но дека сеуште си вози со нивната табла?! Да, да.... Затоа луѓе мои отварајте очи кај кого се качувате во такси, зашто секакви будали возат низ Скопјево!
Објавено од *IVANCE* 1 коментари
вторник, 12 август 2008 г.
Само наша и совршена....ШЕМА
Горештината не поминува...Но секој со своите импресии од одморот си ја разладува душата. Некои од далечните земји, острови, некој од соседните (Уаааа за тие од Југот), а некој како мене остана во Македонија. Во посета на прекрасниот Охрид (no comment за Охригани), поточно во Градиште си ја одморив душава и еве ме пак на блогов. Неможам а да не го спомнам маркетот во градиште....Цените до плафон, мислам онака за основни продукти-изгор. Како во хипер инфлација(сум научила нешто економија), даваш 500 денари и излагаш со 2-3 продукти. Хаос!!! Плажите во Градиште, позната шема. Трки за тоа кој ке успее да го стави пешкирот на песок(камења) а да не ти седи во скут некој непознат од соседното друштво:) Ама Господ здравје да и даде на мојата пријателка Бети:))))))))))) што ни ја даде најубавата приколка во светот(или барем во Градиште,секако). Па на една минута едно диво плажиче...за мерак!!! И ајде решивме некоја вечер да тркнеме до центарот на Охрид да се измешаме со луѓе. И по незнам кој пат ке си признаам:мразам шемаџиски местаааа. Од (резервираната,со врски) маса во Liquid до wc потребни ни беа 20 минути, буткање со лакти, онака неприметно, едно лизгање од некој истурен пијалок, 5-6 ранички од газенки...... И даа секако еден шејкер ни помалку ни повеке туку 500 денари. А рака на срце во Градиште беше онака ко измислено за мене. Вечерни пијанки, музика за сечија душа, одбрано друштво, нокно бањање, легнување и во 00:00 ако сакаш(а ние сакавме)...... И ете така некако би завршил описот за мојот совршен одмор.....
Објавено од *IVANCE* 13 коментари