BLOGGER TEMPLATES AND TWITTER BACKGROUNDS »

вторник, 20 мај 2008 г.

Ужасна слика во центарот на градот?!

Овој пост седнувам да го напишам поизнервирана од било кога. Денес бев сведок на една ужасна слика за која неможам да престанам да зборувам. Околу 16 часот ме носеше Петар накај факултет. Нема да коментирам за градскиот хаос во сообракајот, ниту пок, за 50% од семафорите кои не работат. Семафорот пред бензинската по судска палата беше исклучен и заменет со полицаец. Требаше да помине некој од "батките" со 3 коли обезбедување и цајканот нормално требаше да му направи простор на циркузот, пардон, функционерот со придружба. И застанува колона на семафор, за да се направи простор....ама тука се јави и огромниот проблем! Првата кола од застанатата колона е возило на брзата помош со пуштено светло и свирка.!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
police
И така фино сите си почекаа за да помине некој, а возачот на брзата помош немаше што да направи и каде да оди па чекаше со сите останати. Добро бе луѓе, животни, дебили...или што и да сте па дали сте вие нормални ? Еве го земам предвид законот дека коли со придружба имаат предност, но зарем е тоа така и во случај кога се работи за живот или смрт? Па мавнете си ги малку главите бре глупаци невидени, не ни требате за украс воопшто. И не се плашам од вашата власт за да се воздржам и да внимавам кои зборови да ги употребам. Баш напротив! Би сакала некој кој ке го прочита ова од вас да ми се обрати и да се најдеме да поразговараме сериозно. Не се спуштам под вашето ниво па сакам да се соочам дури и со министерот за внатрешни работи ако треба, затоа што ова верувајте ме згади од се во оваа земја. Каков е тој закон кога жртвуваме живот за некој функционер да стигне навреме до..НИКАДЕ!
Во вакви ситуации едвај чекам да дипломирам и да станам новинар и верувајте ми дека сево ова ке биде мој патоказ како и со кого да однесувам и нема да премолчам ниту еден збор, нема да скријам ниту една слика....
За крајот на овој пост, да не бидам погрешно сватена- денешниов случај навистина ме извади од контрола, меѓутоа секоја чест за исклучоците вработени во полицијата кои достојно си ја вршат својата работа

4 коментари:

Ivona рече...

Ubavo gi imas prikazano site raboti ali za zal toa e taka. Sekogas se pobitni onie koi bas kako sto pisuvas brzaat do NIKADE, ja zaboravaat covecnosta, a drzat predizborni govori kaj sto zborat deka lugeto se najbitni i se vo nivna korist. DA DA SIGURNO TAKA E

Unknown рече...

А што не излезе од кола и не протестираше на лице место бидејќи се работело за живот и смрт. Сега е веќе завршена работа па макар и да го убиеме и функционерот и полицаецот и уште некој ако имаш.
Касно е сега да протестираш. Или таму немаше тастатура ( храброст ).

*IVANCE* рече...

Фала на коментарот колку и да е циничен! Само ти посакувам да доживееш исто толку стресна ситуација па да видам каква храброст ке имаш ти и што точно ке направиш. Иначе јас за ова разговарав со министерството за внатрешни работи и сето ова излезе во дневниот печат. Значи совет од мене информирај се преде да нападнеш некого друг пат!

Анонимен рече...

sega ima uste pouzasni sliki. naplakaat kazni na stri luge na peshachki...mozda zvuchi smeshno, megutoa mene mi e mnogu zal kaj gi naogaat se nekoi siroti luge bez pari. mozesh da ja odrabotish i taa tema. elena