17.05.2008 за сите светски градови само една обична саботна вечер,но не и за нашето Скопје. Здравко Чолич оддржува бесплатен концерт на плоштадот, благодарение на t-home. Секое мое погодување за точната бројка на посетители би било глупаво. Целиот град беше собран на едно место, сите со насмеани лица и доволно сила за во таа огромна гужва да издржат да се радуваат и да пеат. На едно место бевме собрани сите генерации и тоа што може да не спои е , нормално, убавата песна. Сликата беше совршена и ме направи горда на мојот град. Таа вечер сите ги оставивме своите проблеми и грижи дома. Стариот мајстор на добра забава, Здравко Чолич само уште еднаш се докажа самиот себеси колку вреди. Хитови од 80-тите, 90-тите и оние најновите пеени од неколку илјадници луѓе...... Ниту еден слушател вчера неможеше да остане рамнодушен и никој не одолеа на прекрасната атмосфера. За оние кои направија огромна грешка и не дојдоа вчера еве само еден мал дел од атмосферата!!!
...За поздрав е изјавата на Здравко кој го посвети концертот на неговиот добар пријател и неповторлива звезда, нашиот ангел Тоше Проески. И кој можеше а да не се потсети колку пати на истово ова место пееше тој, само за нас- за оние кои ги сакаше најмногу, неговите Македонци!
I did it my way...
Пред 15 години
2 коментари:
Восхищен
Фала!!!
Објави коментар